Сколкс му препорача на Јунајтед да го земе Озил

Легендарниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, го повика клубот да ја искористи ситуацијата со Месут Озил и да го привлече во своите редови.

Светскиот шампион 2014 година со Германија така и не може да се вклучи во Арсенал оваа сезона, иако тој е меѓу најискусните и најплатените во тимот.

Според Сколс, Озил е квалитетен играч кој може да ја врати изгубената креативност во редовите на Јунајтед.

– Озил е квалитетен играч и може да ја поврзе играта на тимовите, во кои игра. Тој може да биде добра опција на краток рок, но не знам дали би се согласил да дојде во Јунајтед . Сепак, тој е играч кој може да помогне затоа што има различни квалитети и може да го донесе она што му недостасува на Манчестер, изјави легендата на „црвените ѓаволи“ за БТ Спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e