Сити се спасуваше од пораз, па испушти победа против Кристал палас

Актуелниот англиски шампион Манчестер сити одигра нерешено 2:2 со Кристал палас во натпревар со многу пресврти. Гостите од Лондон први дојдоа во водство преку Џек Тосун, Сити со головите на Серхио Агуеро во 82. и 87. минута беше пред победа, но Фернандињо со автоголот во 90. минута му донннесеее бод на Кристал палас.

Резултати на другите натпревари од 23.коло во Премиер лигата одиграни попладнево:
Вотфорд – Тотенхем 0:0
Арсенал – Шефилд јунајтед 1:1
Брајотн – Астон вила 1:1
Норвич – Бурнмут 1:0
Саутемптон – Вулвс 2:3
Вест Хем – Евертон 1:1.

Вечер играат Њукасл и Челзи.

Води Ливерпул со 61 бод (21 натпревар), Манчестер сити 48 (23), Лестер 45 (22), Челзи 39 (22).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ