Шпанскиот Суперкуп во рацете на Мекејлеб и Хендрикс

Тимот на Гран Канарија за кој во оваа сезона ќе настапуваат двајца натурализирани Македонци, Лестер Бо Мекејлеб и Ричард Хендрикс успеа да триумфира во Суперкупот на Шпанија.

Во денешното финале тие направија изнанадување и со убедливи 79-59 го победија каталонскиот гигант Барселона. „Домаќините“  беа подобар ривал, ги добија сите четири четвртини во своја полза и сосема заслужено го подигнаа пехарот во ова натпреварување како најава за новата сезона.

Најефикасен кај победниците беше Мекејлеб со 15 поени, додека Хендрикс беше стрелец на осум поени.

Кај Барса која вчера го победи големиот ривал Реал Мадрид први стрелци беа ветеранот Наваро и новото засилување Клавер со по 12 поени.

За поврзани вести продолжете  надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e