Сестрите Вилијамс вмешани во допинг скандал

Светската анти-допинг агенција на сестрите Вилијамс, Серена и Венус, им дозволила да користат недозволени суспстанци, откри во вторникот хакерската група Fancy Bear.

Хакерската група Fancy Bear, објави дека на Серена Вилијамс и било дозволено да користи забранети супстанци какви што се оксикодон, хидропорфон, преднизон и метилпреднизолон во 2010, 2014 и 2015 година.

Нејзината постара сестра Венус, наводно, употребувала преднизон, преднизолон и тријамцинолон во периодот од 2010 до 2013 година.

Документите кои ги објавува хакерската група не откриваат какви дијагнози имале спортистите на кои Светската анти-допинг агенција (WADA) им дозволила да ги употребуваат споменатите супстанци.

Руската хакерска група која се бори за фер плеј во спортот, соопшти дека бројни американски спортисти, меѓу кои сестрите Серена и Венус Вилијамс и гимнастичарката Симон Бајлс, биле позитивни на допинг, но дека не биле санкционирани и дека продолжиле да се натпреваруваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e