Серена Вилијамс наскоро ќе се пензионира

Американската тенисерка Серена Вилијамс го навести своето неизбежно пензионирање.

– Мислам дека веќе има светло на крајот од тунелот. Се доближувам до светлината, па… Едвај чекам да дојдам до таа светлина. Што подразбирам под светлина? Слобода. Сакам да играм, едноставно е неверојатно. Но, знаете, не можам да го правам ова засекогаш, ја цитира Вилијамс „Еуроспорт”.

Вчера Вилијамс ја победи Шпанката Нурија Паризас-Дијаз во првото коло на ВТА турнирот во Торонто (6:3, 6:4). Ова е прв натпревар на 23-кратниот Грен слем победник откако беше елиминирана од Вимблдон 2022 година на крајот на јуни.

Серена победи во сингл на ВТА турнир за прв пат од летото 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e