Сениорките на КК Крива Паланка денес против Вардар во полуфиналето во македонскиот кошаркарски Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“
КК Крива Паланка од позиција на непоразен тим во досегашниоt дел од првенството денес ги брани клупските бои на полуфиналната завршница од куп-натпреварот во женска конкуренција, соочувајќи се со скопски „Вардар“.
Одлична тимска атмосфера и енергија владее во составот од Крива Паланка што атакува на првиот клупски трофеј за клубот што годинава одбележува 18 години постоење.
Тренерот на „Крива Паланка“ , Виктор Петровски, рече дека во Купот нема фаворити, секој може да победи секогоо.
-Купот е собир на најдобрите и фаворитска улога нема ниту еден тим. Ние сме насочени на денешнито меч, на Вардар и ќе дадеме максимум за добар исход. Екипата е подготвена, тимската хемија е одлична, што е елемент плус и додадена вредност на наттпреварот кој со сигурност ќе понуди одличен натпревар за љубителите н а кошарката, рече Петровски.
Се очекува натпреварот да донесе одлична игра, особено што овој дуел е финале-пред финалето, во кое КК Крива Паланка ќе настапи со засилениот состав од преодниот рок, кога во своите редови ги вброи: Валиција Демерит, репрезентативка на Бахами, повратникот и поранешен капитен на тимот – Тамара Ѓоргиевска и поранешната репрезентативка на Макеоднија, Симона Деловска.
Крива Паланка има високи амбиции од самиот старт на сезоната, со извонредниот двоец од редовите на клубската школа, докажани репрезентативки од младинските и сениорската македонска репрезентација, Михаела Алексовска и Божица Стоевска, кои заедно со американскиот двоец Робинсон и Меклхејни и Петрушевска Александра на центарската позиција, му обезбедија епитет „непоразени“ на овој состав што очигледно ќе запише „златна“ сезона во историјата на клубот.
На прес-конференцијата пред почетокот на Купот, капитенот Алексовска рече дека:
–Знаеме дека Купот носи посебна тежина зашто секој натпревар е финале, но нашата цел е една – обединети, да дадеме се од себе и да не се помириме со ништо, освен успех, порача Алексовска.
Натпреварот КК Крива Паланка – КК Вардар се игра денес со почеток во 13 часот, во Гевгелија, а дуелот ќе се емитува и на МРТ 3.