Се жали на повреда и ќе остане во Шпанија: Уругвај без Луис Суарез во пријателскиот двомеч со Перу

Луис Суарез ќе ги пропушти двете пријателски средби на фудбалската репрезентација на Уругвај против Перу на 12 октомври на стадионот „Сентенарио“ во Монтевидео“ и три дена подоцна на националниот стадион во Лима.

Напаѓачот на Барселона се пожали на повреда по мечот со Интер во Лигата на шампиони и ќе остане на рехабилитација во Шпанија и подготовки по индивидуална програма во базата на Каталонците.

Одлуката за ослободување на Суарез била договорена меѓу медицинските екипи на Барса и уругвајската репрезентација. Луис Суарез беше двоен стрелец за Барселона во триумфот со пресврт над „нероазурите“ со 2:1 во ЛШ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e