Руските екипи исклучени од Евролигата и Еврокупот

Светската фудбалска федерација (ФИФА) официјално ја елиминира Русија од сите натпреварувања.

Oва значи дека оваа репрезентација нема да игра во баражот за Светското првенство кое ќе се игра следниот месец.

ФИФА, како и УЕФА, се одлучија на ваков чекор откако Меѓународниот олимписки комитет предложи руските и белоруските спортисти да бидат исклучени од сите меѓународни натпреварувања. Во исто време суспендирани се сите руски клубови од европските натпреварувања.null

Раководството на кошаркарската Евролига ги суспендираше руските клубови од учество на турнири под покровителство на организацијата.

Во соопштението на Евролига се вели и дека во случај на „неповолен развој на ситуацијата“, резултатите од сите натпревари во кои учествуваат руски тимови ќе бидат поништени.

Така од учество во Евролигата се исклучени ЦСКА Москва, Зенит од Санкт Петербург и УНИКС Казан. Локомотив-Кубан од Краснодар е суспендиран од учество во Еврокупот.

Во поредокот од регуларниот дел од Евролигата, Барселона е на чело со 20 победи на 25 натпревари, второто место го зазема Реал Мадрид (20 победи во 26 натпревари), трето – Милано (17 од 25). Зенит е петти (14 од 23), ЦСКА е шеста (14 од 24), УНИКС е осми (13 од 25).

Локомотив Кубан е трет во групата А од Еврокупот, по 12 одиграни натпревари тимот има осум победи. Прв е Хувентуд (13 натпревари, 11 победи), пред Партизан (9 од 13).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e