Роналдо: Си заминав од Европа затоа што освоив – сè!

Кристијано Роналдо вечерва е во центарот на вниманието, поради неговата официјална презентација како нов фудбалер на саудискиот тим Ал Наср, за кој потпиша на две ипол сезона за годишна плата од 200 милиони евра.

Со тоа, тој стана убедливо најплатениот спортист на сите времиња, но истовремено остана без шанса да игра за најважните европски трофеи. Но, тоа не му беше пречка во свој самобендисан стил да ја даде првата изјава од арапскиот свет.

„Мојата работа во Европа е завршена. Играв за најдобрите клубови и освоив баш сѐ. Горд сум што станав фудбалер на Ал Наср. Луѓето не се свесни за квалитетот на фудбалот во овој дел од светот. Мојот договор е уникатен бидејќи јас сум уникатен фудбалер. Тоа е нормално за мене“, се првите зборови на Роналдо на промоцијата во Саудиска Арабија.

Стадионот на Ал Наср е преполн бидејќи нема кој не сака да ја види најголемата ѕвезда која некогаш потпишала договор со клуб од тој дел на светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e