Роналдо се враќа во Мадрид, но не во Реал

Се погласни се информациите дека еден од најдобрите фудбалери во изминатат декада Кристијано Роналдо, кој е на залезот од кариерата ќе се врати во Мадрид, но не во редовите на првакот Реал туку кај лутиот градски ривал Атлетико. Последните информации од Островот се дека Роналдо добил дозвола од челниците на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед да си бара нов клуб.

Шпанската „Марка“ пренесува дека „црвените ѓаволи“ веќе ја пикирале и неговата замена. Станува збор за сонародникот на Роналдо, помладиот португалски напаѓач Жоао Феликс. „Јорганџиите“ не планираат продажба на Феликс и околу него ја градат екипата за наредните години. Од друга страна на Јунајтед му е неопходен напаѓач, посебно доколку Роналдо е решен да си замине.

Тешко може да се верува дека Атлетико ќе го пушти Феликс. Планот на Јунајтед е со Роналдо да ја намалат цената на помладиот Португалец. Се шпекулира и дека во Атлетико би можеле во замена за Роналдо на Јунајтед да му понудат некој од напаѓачите Мората и Гризман.

Преодниот рок влегува во самата завршница, па набрзо се очекува да биде се јасно околу иднината на Португалецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e