Роналдо: Македонија е организирана екипа, заслужува голема почит

Македонија има историска шанса да се пласира на Мундијалот во Катар, но пред фудбалерите е голем предизвик наречен Португалија со која ќе се пресметаат на „Драгао“ во Порто во вторник од 20.45 часот.

Најголемата ѕвезда на Португалија, Кристијано Роналдо даде изјава пред натпреварот и ги пофали македонските репрезентативци.

„Утре е финале и ние сме подготвени за предизвикот. Имаме одговорност да бидеме позитивни и да победиме на мечот. Македонија направи големо изненадување, но верувам дека нема и нас да нè изненадат. Македонија е организирана екипа и заслужува голема почит“, вели Роналдо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e