Роналдо: Јас сум единствениот што постигнал гол на пет светски првенства по ред и горд сум на тоа

Португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо проговори за рекордот по голови на Светските првенства. Роналдо постигна гол на пет Мундијали ред. Против Гана вчера реализираше пенал на СП 2022 година.

– Ова е одличен момент – гол на моето петто Светско првенство. Победивме, добро го започнавме турнирот. Многу важна победа. Знаеме дека во вакви натпреварувања клучна е победата во првиот натпревар. И уште еден рекорд, да. Јас сум единствениот кој постигнал гол на пет Светски првенства по ред и горд сум на тоа. Драго ми е што тимот покажа одличен фудбал. Беше тешко, но остваривме заслужена победа. Поглавјето во Манчестер јунајтед е затворено, јас сум фокусиран само на Светското првенство. Победивме, му помогнав на тимот. Останатото не е важно, рече 37-годишниот.

Следен противник на Португалија е репрезентацијата на Уругвај (28 ноември).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e