Ристовски: Чест, задоволство е да се биде дел од стратешкиот тим на Мицкоски, но и обврска

Нешто повеќе од два часа по објавата на стратешкиот тим на советници на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи и голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски кој ќе биде задолжен за прашања од областа на спортот. Членот на португалска Бенфика истакна чест и задоволство што е дел од експертското опкружување, но изрази и чувството на одговорност во креирањето на политики и нудење на решенија за подобрување на условите за работа на спортските клубови и национални селекции.

„Министерот за одбрана’, прекар што го доби при настапите со репрезентацијата на Европските и Светски ракометни првенства, моментно е член на Бенфика. Почетоците на неговата сениорска кариера се врзани со екипата на Македонија по што настапуваше и за Вардар, Металург, Теукро, Алгесирас, Гумерсбах, Ал Ахли, Кретеј, Рајн Некар Левен и за Барселона. За македонскиот национален тим одигра 124 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e