Рибери суспендиран за три натпревари

Францускиот фудбалер, Франк Рибери доби забрана за настап на наредните три натпревари на Фиорентина во италијанското првенство.

За туркање на помошниот судија по завршувањето на натпреварот со Лацио, Рибери доби црвен картон, и од страна на дисциплинската комисија на италијанската фудбалска федерација, одредена му е суспензија од три средби. Ова значи дека ветеранот нема да може да игра на дуелите со Сасуоло, Парма и Калјари, а најрано би заиграл на 24 ноември против Верона.

Рибери денеска јавно се извини преку Твитер. Суспензија од еден натпревар доби и тренерот на Фиорентина, Винченцо Монтела, исто така за агресивно однесување кон арбитрите.

Лацио ги совлада „виолетовите“ со 2-1, со гол за кој Фиорентина смета дека требало да биде поништен поради фаул во напад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e