Реал подготвен во јануари да плати 110 милиони евра за Икарди

Реал сака да го купи фудбалерот на Интер, Мауро Икарди, објавија шпанските медиуми. Трансферот може да се случи во јануари.

Според „Дон Балон“ шпанскиот клуб е подготвен да плати 110 милиони евра за извонредниот напаѓач. На „Сантијаго Бернабеу“ сакаат трансферот да се реализира веќе во зима, бидејќи сметаат дека е неопходно да се зајакне нападот што е можно поскоро.

Во прилог на ова тврдење е и променливата форма на Карим Бензема кој оваа сезона не покажува постојано високо ниво во шпицот.

Икарди има изјавено дека сака сд стане играч на Реал.

Оваа сезона, 25-годишниот Аргентинец одигра 11 натпревари за Интер на сите натпреварувања и постигна осум гола со два асистенции.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e