Реал Мадрид го купи Рејниер од Фламенго за 35 милиони евра

– Реал Мадрид и официјално го потврди трансферот на 18-годишниот офанзивен фудбалер за врска Рејниер од Фламенго за сума од 35 милиони евра.

На младиот бразилски играч му предвидуваат блескава иднина, а во неговата земја веќе го носи епитетот „новиот Кака“.

Двете страни потпишаа договор за соработка до 2026 година и според најавите, Рејниер веднаш ќе се стави на располагање на тренерот Зинедин Зидан.

Рејниер во Шпанија се сели со 14 настапи во сениорскиот шампионат на Бразил во оваа сезона во кои постигна осум гола и запиша две асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ