Реал Мадрид ангажира уште еден врвен играч без пари

Шпанскиот и европски фудбалски првак Реал Мадрид почна да го освежува својот тим. Трофејниот италијански стратег Карло Анчелоти во новата сезона ќе може да смета на еден од најдобрите дефанзивци во англиската Премиер лига, Германецот Антонио Ридигер на кого му заврши догворот со Челзи.

Ридигер на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнува како слободен играч, што значи дека Реал втора година по ред го примени истиот рецепт, односно доби елитен централен дефанзивец без да исплати ниту едно евро.

Минатата година тоа беше случајот со Давид Алаба кој не остана во Баерн Минхен. Реал Мадрид во официјалното соопштение информира дека 29-годишниот дефанзивец ставил потпис на четиригодишен договор, а неговата промоција на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде направена на 20-ти јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e