Ракометарите поуспешни од Алжир

Македонската ракометна репрезентација ја совлада репрезентацијата на Алжир со 25-24 (15-9) во рамки на „Трофеј Карпати“ кој се игра во Букурешт.

Ракометарите на Данило Брестовац си заминаа со удобно водство од +6 на полувремето, но во второто Алжирците покажаа многу подобра игра.

Во последните десет минути се играше гол за гол, „црвено – жолтите“ имаа водство од еден до два разлика, а одбраната на голманот Никола Митрески во последниот напад на Африканците ја запечати минималната победа.

Танковски со 8 гола беше најефикасен кај нашиот тим, а Митревски на голот имаше обдрани.

„Жолто-црвените“ утре ќе се борат за титулата со поуспешниот од натпреварот Романија – Холандија.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e