Раца: Вистинското лице ќе го покажеме на најважните натпревари

Македонија со победата над Луксембург стигна до очекуваниот резултат на стартот на квалификациите за Европското кошаркарско првенство. Во Кавадарци, избраниците на селекторот Драган Раца немаа големи проблеми со првиот противник, но селекторот по мечот потенцираше дека мора да се избегне падот на концентрацијата како во третиот период.

– Првите пет минути ги одигравме преопуштено, веројатно поради фактот што противник ни беше Луксембург, па мислевме дека лесно ќе го добиеме натпреварот. Ние бевме свесни за ова и предупредувавме бидејќи денеска нема лесни противници, но немавме концентрација во првите пет минути, како и во третиот период. Во еден дел од дуелот имавме добра одбрана и брзо направивме 20 разлика, а тука доаѓа на сцена менталитетот и искуството на дел од кошаркарите кои би требало лесно да ја одржат предноста. Се обидов да искористам што повеќе играчи во ротација, а овој натпревар ни беше и добра подготовка за следниот предизвик, односно репрезентацијата на Велика Британија. Најважно е што го добивме натпреварот, а вистинското лице ќе го покажеме на најважните дуели кои следуваат, – изјави Раца по натпреварот против Луксембург кој Македонија го доби со 89:75.

Извор Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e