ПСЖ подготвен да му плати на Кулибали 12 милиони евра годишно

Пари Сен-Жермен продолжува да се обидува да се стекне со дефанзивецот на Наполи, Калида Кулибали. Парижаните се подготвени да му платат на 28-годишниот Сенегалец 12 милиони евра годишно, пренесува „Л’Екип“.

Претходно беше објавено дека интересот за фудбалерот покажуваат и премиерлигашите Арсенал и Манчестер јунајтед.

Оваа сезона Кулибали настапи на 20 натпревари за Наполи.

Порталот „transfermarkt.de“ го проценува дефанзивецот на 75 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ