Пристапна цена на влезниците за решавачкиот меч на младите, блок билети за сениорите за дуелите со Израел и Италија

Првата половина од наредниот месец ќе биде резервирана за репрезентативен фудбал во кој љубителите на фудбалот ќе можат да бидат три квалификациски средби на националната  арена „Филип Втори“ во Скопје.

Решавачкиот и историски дуел на репрезентацијата до 21 година за пласман на европското првенство против Шкотска ќе се одигра на 11. октомври со почеток во 18.45, а цената на билетите за овој спектакл е пристапна за сите, односно истите се од 50 до 100 денари. Истите ќе бида пуштени во продажба од 26 септември.

ФФМ за дуелите на сениорите од квалификациите за СП во 2018 против  Израел на шести и Италија на девети октомври од 20:45 часот реши од понеделник да пушти блок билети по цена од 250 и 500 денари.

Важна напомена: Блок билетот ќе важи за двата натпревари и ќе мора да се чува неоштетен за да може да се пристапи на двата натпревари.

Билетите ќе можат да се купат во продажната мрежа на МК Тикетс, онлајн на www.mktickets.mk и www.karti.com.mk.

Од куќата на фудбалот посочија оти вратите на стадионот ќе бидат отворени 2 часа пред натпреварите за да можат сите да си го најдат своето местои да можат да се избегнат евентуални непријатности и гужва пред самиот почеток на натпреварот. Исто така е забрането внесување тврди предмети, шишиња, оружје, пиротехнички средства, ласери, или транспаренти кои предизвикуваат расна, верска или национална омраза.

Извор: Дерби

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e