Премиерлигата во 2022 година ќе прекине на само 9 дена до СП во Катар

Сезоната 2022/23 во Премиерлигата ќе биде прекината на само девет дена до почетокот на Светското фудбалско првенство во Катар. Според календарот што го направија Англичаните, првенството ќе прекине на 12 ноември во 2022 година, а Мундијалот стартува на 21 ноември. Финалето е закажано за 18 декември, што значи дека Премиерлигата ќе може да се игра на популарниот Боксинг деј, веднаш по католичкиот Божик.

На 14 ноември годинава клубовите треба да одлучат кога ќе почне сезоната 2022/2023, и колку кола ќе се играат до паузата. Ова значи дека селекторите на националните тимови нема да имаат многу време за подготовки, но на располагање ќе имаат играчи кои физички ќе бидат во топ форма и во натпреварувачки ритам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e