Предизвикувачот недостоен за шампионот: МЗТ Скопје подобар од својот втор тим

Историскиот натпревар помеѓу првиот и вториот тим на МЗТ Скопје заврши со победа на шампионот од 108:77.  МЗТ Скопје Аеродром го победи МЗТ Скопје Уни банка во првиот дуел од второто коло во Првата кошаркарска лига на Македонија.

Ова беше прв прволигашки меч во машка конкуренција, еден против друг да играат два тима од ист клуб.

Андреј Маслинко со 27 поени и 15 скока беше најкорисен поединец, а тренерот Кочов ги одмораше Стојановски, Симоновски, Омот и Хиндс.

Останатите мечеви од второто коло се играат викендов, а двојките се: Вардар – Кожув, Еуро Никел – Пелистер, Академија ФМП – Куманово и Работнички – Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e