Пред судот во Лондон: Англичанец го призна нападот врз Езил и Колашинац

Англичанецот Ешли Смит пред судот во Лондон призна дека се обидел да ги ограби фудбалерите на Арсенал, Сеад Колашинац и Месут Езил во јули оваа година. Како што рече на сослушувањето, тој се обидел да ги одземе рачните часовници на двајцата „топчии“, но не успеал во намерата.

Во судницата беа приложени и видео снимки од безбедносните камери на кои се гледа како две лица на мотоцикл и со ножеви во рака се обидуваат да ги Колашинац и Езил.

Двајцата членови на Арсенал пропуштија неколку мечеви за екипата од безбедносни причини и од обврски кон судот.

Смит се наоѓа во притвор додека полицијата сè уште трага по соучесникот во инцидентот. Судската одлука за предметот ќе биде позната на 1 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e