ППК Крива Паланка есенски шампион во женска конкуренција

Женската екипа на Пингпонгарски клуб Крива Паланка е есенски првак во првата пингпонгарска лига во сениорска конкуренција завршувајки ја сезоната со максимални шест победи. Во одлучувачкиот меч со најдиректниот конкурент за титулата, Градба Промет од Кавадарци, на домашен терен, ППК Крива Паланка во неизвесен натпревар, со резултатски пресврт од 1:3, дојде до победа од 4:3 и на тој начин остана осамена на лидерската позиција со 2 бода предност пред екипата од Кавадарци.

За екипата на Крива Паланка настапија Амелиа Уце, Ана Стојановска и Сара Стојановска, додека за Градба Промет Дијана Ристовска, Билјана Младенова и Добринка Сотирова.

Резултати:

Амелиа Уце – Дијaна Ристовска 1:3
Сара Стојановска – Билјана Младенова 1:3
Ана Стојановска – Добринка Сотирова 3:0
Уце/А.Стојановска – Младенова/Ристовска 1:3
Амелиа Уце – Билјана Младенова 3:1
Ана Стојановска – Дијана Ристовска 3:2
Сара Стојановска – Добринка Сотирова 3:2

79330168_822413351543926_6702202220940623872_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ