Позната новата дестинација на Симеоне: Ни Интер, ни ПСЖ туку…

Главна вест во шпанските медиуми е дека Диего Симеоне наскоро ќе го напушти Атлетико Мадрид..

Весникот „АС“ вчера потврди дека Симеоне го скратил својот договор со Атлетико Мадрид до 2018 година и забрзано учи англиски јазик, што е јасен знак дека се спрема за Премиер лигата.

Како негови следни дестинации се споменуваа Интер и ПСЖ, но извештаите од Шпанија пренесуваат дека Аргентинецот најверојатно ќе се пресели на Островот.

Имено, најверојатно Симеоне ќе го превземе кормилото на Арсенал и ќе биде назначен за наследник наАрсен Венгер.

Потсетуваме дека Симеоне ова лето имаше понуда од Челзи, но тој реши да остане во Атлетико Мадрид, сепак неговото доаѓање во Премиер лигата е само прашање на време.

Извор Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e