Поради повреда на раката: Надал се повлече од Мастерсот во Шангај

Шпанецот Рафаел Надал го откажа учеството на Мастерсот во Шангај што почнува во понеделник. Информацијата ја потврди АТП преку својата интернет страница.

Вториот светски рекет нема да патува во Кина поради повреда на раката што го оневозможува за настап на максимум и загрозување на водечкиот светски тенисер во моментот, Новак Ѓоковиќ.

Со тоа Надал остана без шанса за освојување на драгоцени бодови за превласт на ранг листата. Шпанецот има две титули од Мастерсот во Шангај што го пропушти и во 2018 година, а на тениските терени планира да се врати на Мастерсот во Париз од 26 октомври до 3 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e