Подмладената ракометна репрезентација подобра од Грузија

Македонската ракометна репрезентација, и со подмладен состав, ја совлада Грузија со 25:21 во првиот од двата дуела во рамките на ЕХФ неделата. Првото полувреме заврши со 12:12, откако нашиот национален тим доминираше во воведните минути, но голманот Шота Тивзадзе беше одличен и придонесе гостите да ја стопат негативата и да фатат резултатски приклучок.

Во второто полувреме, нашиот тим играше колку што беше потребно за да триумфира без поголеми проблеми.

Капитенот Кирил Лазаров не играше воопшто, Манасков и Талески имаа лимитирана минутажа, па селекторот Данило Брестовац им даде шанса на младите, со тоа што на голот беше искусниот Борко Ристовски. Велковски, Поповски и Пешевски со по 4 гола, беа најефикасни. Утре од 16 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се игра вториот дуел од овој двомеч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e