Поделени 10 милиони евра на спортските клубови за развој на спортот

Поделени се 10 милиони евра на спортските клубови и федерации за развој на спортот, објави на пресконференција директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Каевски изјави дека ова ќе биде мотив плус за клубовите за уште поголем успех и дека агенцијата има тенденција секоја година да ја зголемува помошта за клубовите.

Според ваучер системот клубовите добиваат ваучер во одреден износ согласно резултатите на клубот, кој ваучер можат да го наплатат  преку приватните компании кои се ослободени во износ од 50% од данокот на добивка доколку тој износ го вложат во одреден спортски клуб.

Минатата година исто така се доделија 10 милиони евра и тоа во две транши, и тоа првично 6 милиони евра и дополнителни 4 милиони пред крајот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e