По 1977 година, Федерер најстар полуфиналист на Австралија опен

Роџер Федерер денеска обезбеди учество помеѓу четирите најдобри тенисери на Грен слемот во Мелбурн и најстариот полуфиналист на Австралија опен од 1977 година.

Швајцарецот кој утрово го победи во четвртфиналето Американецот Сандгрен со 3-2, се избори за 46. полуфинале на „Гренд слем“.  Федерер сега има 38 години и 178 дена. Пред него, во 1977 година, Кен Роузал на 42 годишна возраст влезе меѓу четирите најдобри.

Куриозитет на турнирот е и податокот дека Федерер за прв пат во својата кариера до пласман во полуфинале на Грен слем турнир стигна без да се сретне со ниту еден противник од најдобрите 40 на АТП ранг листата.

За време на турнирот, тој ги победи:
Стив Џонсон (75-ти)
Филип Крајиновиќ (41.)
Џон Милман (47.)
Матон Фучович (67.)
Сандгрен (100.). зс/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e