По 17 месечна соработка: Шундовски замина од Констанца

Звонко Шундовски од денеска повеќе не е тренер на Доброгеа Суд Констанца. Екс селекторот на македонската ракометна репрезентација спогодбено ја раскина соработката со романскиот клуб на чие кормило беше 17 месеци.

„Звонко Шундовски повеќе не е тренер на Констанца. Му благодариме за загалагањето, на успесите и на прекрасните заеднички моменти во изминатите година и пет месеци и цениме се што направи за клубот. Се разделивме на пријателски начин и му посакуваме многу среќа во идните ангажмани“, напишаа од Констанца преку социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e