Пирло: На Баерн му требаше играч како Кутињо

Италијанската фудбалска легенда, Андреа Пирло му честита на Баерн Минхен за одлуката да го ангажира офанзивниот играч за врска на Барселона, Филипе Кутињо.

„На Баерн му требаше играч од профилот на Кутињо. Особено по заминувањето на Франк Рибери и одбивањето на Ариен Робен да игра фудбал. Ги гледав натпреварите на Филипе во дресот на Баерн, тој се вклопи во тим кој беше прилично силен. Но, со Кутињо, тимот стана уште посилен. Не можам да кажам кој е нивниот најдобар играч затоа што имаат навистина многу такви. Но, сепак ќе се фокусирам на Филипе Кутињо и Роберт Левандовски“, изјави поранешниот репрезентативец на „азурите“.

Тимот од Минхен има опција трајно да го купи Кутињо на крајот на сезоната за 120 милиони евра. Се верува дека раководството на Барселона сака да се ослободи од Бразилецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e