Пингпонг турнири во Скопје: Светски челинџери за јуниори и кадети од 8 до 12 октомври во СЦ „Борис Трајковски“

Скопје ќе биде домаќин на пингпонгарски челенџ турнири во јуниорска и кадетска конкуренција во ИТТФ светската серија што ќе биде втор голем настан во овој спорт во земјата по Балканијадата во јуни оваа година. Натпреварите ќе се одиграат од 8 до 12 октомври во „СЦ Борис Трајковски“.

Над 100 учесници и 50 официјални лица од над 20 земји во светот меѓу кои Шведска, Индија, Норвешка, Шпанија, Италија, Словачка, Чешка, Хрватска, Перу, Србија и Бугарија се очекува да пристигнат во главниот град и да се борат за медали и за паричниот фонд од 4000 долари, но и останати награди како четири врвни телефонски апарати.

Доаѓањето на официјални претставници од Светската и Европската пингпонг федерација за време на турнирот, претседателите на ИИТФ, Томас Вајкарт и на ЕТТУ, Роналд Крамер како и останати лица и професионалци треба да обезбеди дополнителен мотив за развој на пинг понгот во државата.

Северна Македонија ќе има 21 репрезент кои во подготвителниот период ја темпираат формата на турнири од оваа светска серија во Словенија, Хрватска и Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e