Пинг-понгарите од ППК „Крива Паланка 2007“ шампиони во суперлигата

Пинг-понгарите од суперлгигашкиот тим на пинг-понгарски клуб „Крива Паланка 2007“ се државни прваци во лигата по освоената титула во неизвесниот меч одигран против ППК „Младост 96“ од Прилеп.

– Во вториот, возвратен дуел по победата над ППК „Младост“ во саботата на домашен терен, вчера остваривме повторно победа против нив, во еден крајно неизвесен меч. Со тоа остваривме 2:0 во доигрувањата со минатогодишниот шампион, за конечен шампионски статус во државната суперлига за сениори, сезона 2021/22, информира претседателот на клубот и играч, Мартин Стаменковски.

Ова е втора шампионска титула на клубот, по првата освоена во сезоната 2015/16.

– Честитки за нашите играчи, за нашите навивачи и благодарност за несебичната помош и поддршка од страна на фирмите и поединците кои помогнаа овој проект да кулминира шампионски, дополни Стаменковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e