Пандев му одговори на Панчев: Се гледа дека на човекот му е многу „мака“ за успесите на Македонија

Дарко Панчев даде изјава со која ја разбранува македонската јавност велејќи дека секоја чест за Горан Пандев, но дека Македонија со него во тимот знаела да загуби и од Андора, а дека со неговото заминување во пензија голем дел од играчите успеале повеќе да се развиваат.

Горан Пандев за „Фокус“ одговори на провокацијата на Панчев, велејќи дека само му е криво за успесите на Македонија.

„Немам што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европското првенство и баражот за Мундијалот во Катар“, изјави Пандев за „Фокус“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e