Пандев: Аплаузите допреа до моето срце и по толку години!

Македонскиот фудбалски репрезент на Апенините, Горан Пандев иако со неговиот тим Џенова доживеа висок пораз на „Џузепе Меаца“ од Интер од 5:0, сепак има причина за убаво расположение откако доживеа силни емоции од преку 60.000 навивачи на стадион…

Македонскиот фудбалски репрезент на Апенините, Горан Пандев иако со неговиот тим Џенова вчера доживеа висок пораз на „Џузепе Меаца“ од Интер од 5:0, сепак има причина за убаво расположение откако доживеа силни емоции од преку 60.000 навивачи на стадионот.

Навивачите на Интер уште еднаш покажаа дека не го забораваат Пандев и сето она што тој го стори за нивниот клуб.

На социјална мрежа Пандев им се заблагодари на своите екс-навивачи:

„Разочаран сум за поразот, но сакам да им се заблагодарам на сите навивачи на Интер за љубовта и топлото добредојде. Пак допреа до моето срце и покрај толку многу години“, напиша Пандев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e