Палермо му нуди на Балотели неделно колку што заработува за ден во Ливерпул

Името на Марио Балотели ова лето беше поврзувано со многу клубови но по се изгледа најозбилната стигнала од Палермо. Камен на сопнување е неговата плата.

Од италијанскиот клуб понудиле 11 000 фунти неделна плата, но таа сума Балотели во Ливерпул ја заработува за еден ден. Во Англија фудбалерот заработува 100 000 фунти неделно.

Така да, доколку Марио сака повторно да игра во Серија А ќе треба да заборави на високите примања.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e