Овен распали по фудбалерите на Манчестер јунајтед: Се претворија во просечен тим

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Англија, Мајкл Овен со критики кон Манчестер јунајтед за настапите во оваа сезона. „Црвените ѓаволи“ во последниот настап одиграа без голови како гости на АЗ Алкмар во второто коло од групата Л во Лига Европа.

„Манчестер јунајтед се претвори во просечен тим. Сигурен сум дека нема да може да биде меѓу првите шест на табелата во Премиер лигата во оваа сезона. Ова е веројатно најслабиот Јунајтед во последните децении. Пропаѓањето трае неколку години и секој пат кога ќе речеме дека полошо не може, работите се влошуваат. Солскјер се раздели со играчи како Лукаку, Ерера, Дармијан, Санчез, Смолинг. Тој очигледно реши да започне од нула со млади момчиња, изјави Мајкл Овен за британските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e