Отпишаниот Коларов стана миленик на Гвардиола

Гвардиола продолжува да го фали српскиот репрезентативец.

Само пред неколку месеци се очекуваше Коларов да ги спакува куферите и го напушти Манчестер Сити. Трансферот во Бешикташ беше блиску до реализација. Во пресрет на доаѓањето на Пеп Гвардиола, се очекуваше дека голем број на играчи ќе го напуштат Манчестер Сити, и во овој контекст често се споменуваше и Коларов.

Трнсфер периодот заврши, а еден месец од почетокот на сезоната, Коларов е незаменлив кај Гвардиола! Ситуацијата се сврте за 180 степени. Србинот блеска во новата улога кај каталонскиот тренер. Еден е од најстандардните во тимот на “граѓаните”, a толку е важна “алатка” во клубот за што Гвардиола размислува за продолжување на соработката.

Како Пеп, всушност му помогна на Коларов? Од отпишан до миленик на Гвардиола!

Островските медиуми утрово ја пренесоа веста дека Манчестер Сити се подготвени да му понудат нов договор на српскиот репрезентативец откако сегашниот ќе му истече во текот на летото 2018 година.

Тоа нешто меѓу редови го рече Гвардиола, кој не сака да врши притисок врз новите договори на играчите, но размислува во тој правец.
“Сега е септември, имаме време … Она што сакам е ” Кола “да биде среќен тука. Се разбира, заинтересирани сме да разговараме со него. Но, она што е најважно е тој да биде среќен и да ужива додека игра. Тој е играч кој многу ни помогна од почетокот. Тоа е најважно. Имаме време да зборуваме за нов договор, и тој е на крајот оној кој одлучува. Ако сака да си оди, бидејќи му е потребна промена во својата кариера, тогаш ќе си оди. Ми се допаѓа работата со играчите кои сакаат да бидат тука заедно, кои сакаат да победуваат и да ги прават среќни навивачите “, рече Гвардиола.

Од почетокот на сезоната, Коларов прикажува одлична игра, и се покажа како “неочекувано засилување” на Граѓаните. На Харт, Јаја Туре, Мангала, Бони, не им успеа да преживеат, но претходно отпишаниот Коларов стана еден од фаворитите на Гвардиола.

Ако се сметаат сите натпревари од почетокот на сезоната, Коларов одигра осум од девет можни натпревари и само Џон Стоунс е играч со повеќе минутажа во тимот на граѓаните сезонава.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e