Нови детали за трагичната несреќа: Тот бил нападнат од дечко и девојка

Хрватскиот ракометар Денис Тот вчера изутрината бил нападнат од две лица, дечко и девојка, во близината на дискотеката „Привилиџ“.

Ракометарот Тот (27) попладнево почина на Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување (КАРИЛ).

Откако полицијата ги прегледала камерите на „Сејф сити“, точно се утврдило што се случувало и отворен е предмет во полицијата.

На снимките наводно се гледа дека две лица, дечко и девојка, кои најверојатно биле во дискотеката „Привилиџ“, влегле во такси-возило.

Ракометарот преку прозорецот им кажал нешто, и двајцата излегле од возилото, му удриле неколку шлаканици, Тот паднал на земјата, а девојката го удрила неколкупати со ногата во главата.
Младиот ракометар, според нашите извори, не давал отпор, а дечкото и девојката го напуштиле местото на настанот.
Брза помош викнала девојка што го видела телото на Тот на асфалтот. Кога бил донесен во Ургентниот центар, ракометарот немал срцева акција.

Докторите еднаш успеале да го реанимираат, но било залудно.

Неговото тело е дадено за обдукција во Институтот за судска медицина за да се утврдат причините за смртта.

-Задолжително ќе се спроведе детална истрага. Директорката на Клиничкиот центар вели дека нема траги на насилство, дека не е убиство. Бил реанимиран, но на крајот почина. Дошло до проблеми со срцето. Предаден е на обдукција, но детално ќе се соопшти што било. Она што е сигурно е дека не бил под наркотици, дека немал никави туѓи супстанци во телото, во крвта. Се надевам дека јасно ќе се знае причината и дека нема да излезе дека се работи за насилна смрт. Жал ми е поради младиот живот, жал ми е што вака заврши, но се уште не ја знаеме причината. Можеби вие имате повеќе информации од мене. Ние го знаеме она што е официјално, што велата од Клиничкиот центар и од МВР. Многу ми е жал поради сето ова. Хрватска и Северна Македонија со векови го градат своето пријателство и не би сакал да се случи ништо што тоа би го нарушило, изјави за хрватските медиуми амбасадорот на Северна Македонија во Загреб, Милаим Фетаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e