Нов лик во ракометната репрезентација: Брестовац го повика Аларов од Тинекс Пролет

Кружниот напаѓач на Тинекс Пролет за првпат е дел од македонската сениорска ракометна репрезентација. Селекторот Данило Брестовац го повика на место повредениот Милан Лазаревски кој поради повреда не беше во можност да патува во Ескишехир на пријателските мечеви со Турција и со Италија во рамки на ЕХФ неделата.

Македонските ракометари славеа над турската селекција со 26:23 и ремизираа со Италија (25:25). Пред националниот тим е двомеч со Грузија во Скопје (25 и 26 октомври) за крај на ракометната недела за репрезентативни активности кои се ставени во функција на подготовки за Европското првенство во јануари во Шведска, Австрија и Норвешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e