Нов кикс на Арсенал, Роналдо со три гола го врати Јунајтед во битката за ЛШ

Лондонски Арсенал, како и својот најлут ривал Тотнем направи голем кикс попладнево на гостувањето кај Саутемптон со 0-1, па Кристијано Роналдо со хет-трик за победа на Манчестер јунајтед (3-2) со Норич, ги врати „црвените ѓаволи“ во тесната битка за место во Лигата на шампионите.

Роналдо блесна денеска против фенерџијата Норич и запиша нов рекорд со трите гола, два во првиот дел за пола час, во седмата и 32-та, а потоа за конечниот за тирумф во 76-та и стигна до 16-та сезона во низа во која има најмалку 20 постогнати голови, што е неверојатно достигнување.

Јунајтед со победата, а пред сѐ со поразот на Тотнем од Брајтон и на Арсенал во Саутемптон, двата со 0-1, сега дојде до 54 бода, исто колку „топчиите“, но со меч помалку од нив, а Тотнем бега три бода како четвртопласиран на шест кола до крајот, што е најава за пеколна борба за местото кое следната сезона ќе води во европската елита.

Брентфорд со 2-1 славеше кај Вотфорд во третиот денешен попладневен меч од оваа рунда во Премиерлигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e