Несторовски може да добие нов тренер: Гатузо е фаворит за тренер на Удинезе

Поранешниот фудбалер и тренер на Милан, Џенаро Гатузо, може да седне на клупата на Удинезе, пренесе „Скај Спорт Италија“.

Раководството на клубот размислува да му врачи отказ на Игор Тудор по низата негативни резултати. Тензијата се зголеми уште повеќе по двата тешки порази во Серија А, од Аталанта со 1:7 и Рома со 0:4.

Гатузо е главен кандидат за наследник на Хрватот на кормилото на „црно-белите“ од Удине, а како опции се споменуваат и Пасквале Марино и Стефано Калантуоно.

Удинезе, чиј член ова лето стана и македонскиот репрезентативен напаѓач, Илиј Несторовски, е на 14. место во италијанската Серија А со 10 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e