Нејмар се израмни со Роналдо според бројот на постигнати голови

Во пријателски натпревар во Токио денеска Бразил ја совлада Јапонија со 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Нејмар од пенал во 77. минута.

За напаѓачот на ПСЖ тоа беше 415. гол во кариерата со што се израмни со својот славен сонародник Луис Да Лима Роналдо.

Нејмар на вечната голгетерска листа на бразилската репрезентација му се приближи на славниот Пеле, кој со 77 голови е најдобар стрелец во историјата. Нејмар во бразилскиот дрес има постигнато 74, а Роналдо е трет со 62 погодоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e