Не прогледува низ прсти: УЕФА најави можни казни и за Манчестер сити и за Олимпијакос

Дисциплинската и етичка комисија на УЕФА на 17 октомври ќе одлучува дали ќе изрече казни за Манчестер сити и Динамо Загреб чии навивачи за малку и физички ќе се пресметаа за време на мечот во Лигата на шампиони.

Околу 2.000 хрватски навивачи беа на стадионот „Етихад“, а некои од нив се кошкаа и туркаа со редарите, но не дојде до поголем инцидент. Навивачите на Динамо кршеа столчиња што потоа ги фрлаа кон домашните фанови на што Англичаните возвратија со фрлање тврди предмети на терен. Проблем на Динамо може да му направат и сликите на кои се гледа нивен навивач како отпоздравува со нацистички поздрав.

Истрага се води и против Олимпијакос за истакнување на расистички транспарент на неговите навивачи во Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e