Натпреварот помеѓу Албанија и Македонија ќе се доигра

Натпреварот помеѓу Албанија и Македонија кој беше прекинат во 76. минута ќе треба да биде доигран најдоцна за 48 часа.

Дуелот помеѓу Албанија и Македонија вечерва не го доживеа крајот поради силното невреме кое го зафати Скадар, беше прекинат при резултат 1-1.

Според правилата на ФИФА, доколку има услови тој ќе биде одигран утре на истиот стадион, а доколку не постојат услови во Скадар, мечот ќе биде одигран на друг терен во радиус од 100 километри, најдоцна 48 часа од прекинот.

Првиот термин е утре од 12 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e