Надал почна да тренира по едномесечна пауза

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал почна денеска да тренира по пауза од еден месец поради повреда на реброто.

– Какво возбудување е повторно да се најдеш на земјениот терен, напиша Надал на социјалните мрежи.

Надал поради повредата за време на мастерсот во Индијан Велс најави на 23 март дека ќе отсуствува од терените четири до шест недели.

Шпанецот во меѓувреме го пропушти турнирот во Мајами, како и првиот годинешен Мастерс на земја во Монте Карло.

Надал би можел да се врати на мастерс турнирите пред домашната публика во Мадрид, од 2 до 8 мај, и во Рим, од 9 до 15 мај, додека вториот грен – слем турнир сезонава Ролан Гарос е на програмата од 22 мај до 5 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e