На списокот на Зидан за ЛШ се најде и еден подзаборавен талент

Реал Мадрид ја објави листата со 25-мина играчи за Лигата на шампиони, на кој се најдоа проверени имиња без поголеми изненадувања.

На списокот на Зинедин Зидан се најде и Мартин Одегард, кој дојде како голем талент, но не успеа да се пробие во првиот тим и беше поврзуван со неколку клубови летово. Сепак, 17-годишниот Норвежанец остана во Реал и сега ќе има можност да му помогне на својот тим сезонава да ја одбрани титулата во Лигата на шампиони.

Комплетен состав: Навас, Касилја, Јанез, Карвахал, Пепе, Рамос, Варан, Начо, Марсело, Данило, Коентрао, Крос, Хамес, Касемиро, Ковачиќ, Асенсио, Иско, Одегард, Роналдо, Бензема, Бејл, Васкез, Маријано, Мората.

Извор Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e