На мечот Италија – Франција за прв пат судиите користеа повторени снимки

Нов момент во фудбалот се случи на натпреварот помеѓу Италија и Франција кој се одигра вчера (французите победија со 3:1), беше тестирана нова видео технологија која би требала да се користи во иднина.

Италијанските фудбалери бараа пенал поради игра со рака на дефанзивецот на Франција, Лајвин Курзава,

Судијата Бјорн Куиперс ја стопираше играта и беа консултирани ТВ снимките, по што беше одлучено дека нема пенал.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се надева дека технологијата ќе се користи на Светското првенство 2018 во Русија.

Тестови на оваа технологија се правата во третата фудбалска лига на САД, а ќе биде тестирана и во шест други земји во текот на следните две години вклучувајќи ги Германија и Италија.

„Можевте да видите како судијата ја стопираше играта на неколку секунди за кои двајцата судии во камионот видоа дека нема пенал” – вели Инфантино.

„Ова е историски момент за фудбалот. Сега сме 2016 година и време е да пробаме”.

Во фудбалот веќе успешно се користи технологијата која покажува дали топката ја минала гол линијата.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e