МЗТ Скопје и Рогашка го отвораат третото коло во АБА 2 лигата

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром, утре од 19 часот во „Јане Сандански“ ја пречекува словенечката екипа Рогашка во првиот меч од третото коло во АБА 2 лигата. 

Очекувањата на „штрковите“ се оптимистички и најавуваат атак на трета победа во сезоната. 

„Рогашка има сериозен тим со многу искусни кошаркари. Ангажираа двајца плејмејкери од Приморска, имаат добар Американец на центарската позиција, и покажаа дека ќе бидат меѓу тимовите кои ќе се борат за самиот врв. Ние треба да одиграме максимално, да бидеме борбени и пожртвувани. Ако го сториме тоа, може да се надеваме на позитивен исход“, најавува тренерот Ѓорѓи Кочов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e